Во овој град сите жители живеат во една зграда: важно е да се вратат дома пред да се стемни

Дали знаевте дека на Алјаска има град со 270 жители кои практично сите живеат под ист покрив.

Не е шега, Витир е оддалечен 96 километри од попознатото Енкориџ, а до него се стигнува само преку тунел долг два километри.

Жителите на малото гратче се сместени во зградата „Бегич Тауерс“, која некогаш служела како барака.

Има 14 ката, 196 стана, полициска станица, продавница, амбуланта, црква, училиште и спортска сала.

Значи, граѓаните имаат се на располагање, па нема потреба да одат никаде, но веројатно може да стане малку клаустрофобично…

Луѓето кои ги посетиле Витир и „Бегич Тауерс“ известуваат дека тоа е „надреално искуство“ и многу блиска заедница.

Звучи малку бизарно што споменатиот тунел се затвора ноќе, така што градот останува отсечен од остатокот од светот. Затоа се препорачува граѓаните навреме да се вратат дома.

Една од жителите, Џенис, објасни дека Витир е место каде растењето е тешко, особено во однос на запознавање и пријателства.

Своевремено го истакнала фактот дека имало само дваесетина луѓе на иста возраст како неа.

Ретко кој од овде се забавува, бидејќи заедно сме пораснале, објасни таа.

Scroll to Top