Загреб е најубав божикен град во Европа

Трета година по ред Загреб е прогласен за најубав божикен град во Европа. Изборот го направи „Бест јуропиан дестинејшнс“. Во изборот гласале повеќе од 200 илјади луѓе од 131 земја во светот. Загреб зад себе ги остави Виена, Будимпешта, Стразбур и Колмар, кои се во првите пет најубаво украсени градови за празниците.

Првпат годинава и Си-eн-eн го смести Загреб во 15-те најубави божикни градови во светот, а „Лонли планет“ го прогласи Загреб за број еден светска дестинација за 2017 година.

Scroll to Top