Ѕвездите од детската серија „Тин камп“ направија журка на Антички во Охрид

На Античкиот театар во Охрид вечерва актерите од детската серија „Тин камп“- „Дајте музика“ направија журка за присутните.

Претходно преку фејсбук објава најавија дека ќе одржат концерт и ги повикаат сите да присуствуваат на Антички каде ќе се снима концерт со нивните познати хитови.

„Ќе ни биде задоволство вие како публика да бидете дел од снимањето на втората сеозна на „Тин камп“. Слободен влез“, информираа од продукцијата.

Инаку изминатите денови актерите од серијата ги снимаа новите кадри ос втората сезона на крајбрежјето на Охридско езеро, односно на плажата Лубаништа.

Во новата сезона на „Тин камп“ ќе се појави македонскиот актер Тони Михајловски и српскиот актер Милан Калиниќ.

„Тин камп“ ќе одржат концерт и во Скопје на 8-ми јули на стадионот на АРМ.

Фото: Општина Охрид

Scroll to Top