Баба на 75 години дава совети на „Инстаграм“ за поздрав живот

Џоан Мекдоналд (75) со својата трансформација ги инспирираше жените ширум светот. Таа успеа да ја доведе својата фигура до совршенство и стана многу позната во светот на фитнесот. Џоан е доказ дека никогаш не е доцна да почнеш да вежбаш и да се грижиш за себе. Таа собра огромен број следбеници, 1,7 милиони следбеници на Инстаграм, каде што редовно објавува совети за вежбање.

Во неодамнешната објава таа објасни и зошто никогаш не пости.

„Не сакам да ги навредувам луѓето кои постат, но морам да се фокусирам на губење на тежината и да се осигурам дека се хранам правилно“, рече Џоан, таа додаде дека луѓето треба да внимаваат и на своето здравје, а не само на слабеењето.

„Сè се смени кога почнав да добивам мускули, а во исто време изгубив тежина. Сега сум флексибилна, мобилна“, вели таа.

Наместо пост, таа ги советува луѓето да консумираат протеини. Џоан, исто така, даде начин на кој секој може да го доведе своето тело во ред.

„Јадете порција протеини на секои три часа или пет пати на ден, следете програма за обука која го поттикнува градењето мускули, вежбајте редовно“, Џоан тврди дека не била на исцрпувачки диети, и дека не избегнувала одредени групи на храна.

Во текот на неколку години, Џоан успеа да изгуби над 27 килограми.

„Сега нема да ме фатите да одам во теретана без да ја одберам мојата омилена облека“, рече таа, истакнувајќи дека убавата облека ја мотивира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

Scroll to Top