Боливиец пронајден по еден месец во џунгла: се хранев со црви и инсекти

Боливиецот Џонатан Акоста е пронајден по 31 ден талкање низ амазонската џунгла, откако се изгубил кога се разделил од своите четворица пријатели додека ловел.

Акоста (30) тврди дека преживеал пиејќи дождовница што ја собирал во чевлите и хранејќи се со црви и други инсекти. Тој опишал како морал да се крие од јагуари, еден вид цицач што личеле на свиња, пренесува Би-Би-Си.

Група локални жители и неговите пријатели конечно го пронајдоа еден месец откако исчезна.

„Неверојатно е, не можам да верувам дека луѓето ме бараат толку долго. Јадев црви, јадев инсекти, нема да верувате што морав да направам за да преживеам сето ова време“, изјавил тој за ТВ „Јунител“.

Исто така рекол дека морал да јаде диво овошје слично на папаја, локално познато како гаргатеа.

„Многу сум му благодарен на Бог бидејќи ми даде нов живот“, рекол тој. Акоста изгубил 17 килограми во текот на еден месец, бил дехидриран и имал истегнување на глуждот, но сепак можел да оди.

„Брат ми ни кажа дека кога четвртиот ден го исчашил зглобот почнал да се плаши за својот живот, имал само еден куршум во пушката и не можел да оди, а мислел дека никој повеќе нема да го бара “, раскажал Хорасио, помладиот брат на исчезнатиот маж.

За Акости проблем било и тоа што со себе немал мачета и батериска ламба. Тој тврдел дека наишол на диви животни, а последниот куршум го искористил за да исплаши група дивиживотни слични на дивите свињи. Тој во текот на 31-от ден на талкање забележал група луѓе на оддалеченост од 300 метри и низ грмушките тргнал кон нив додека викал за полесно да го забележат.

„Еден човек дотрча да ни каже како го нашле мојот брат. Тоа е вистинско чудо”, додал Хорасио.

Во меѓувреме од полицијата најавија дека ќе ги сослушаат четворица пријатели на пронајдениот за да се утврдат сите детали за исчезнувањето.

Scroll to Top