Девет дена по земјотресот три момчиња се извлечени живи од под урнатините

Три момчиња пронајдени живи и спасени од под урнатините во Турција, пренесоа локалните медиуми. Тие се извлечени од под урната зграда 198 часа откако се случи земјотресот. Станува збор за 17-годишниот Мухамед Енес и неговиот постар брат, кои беа спасени во градот Кахраманмараш и 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, кој беше спасен во градот Адијаман.

Сите се пренесени во болница, а засега нема нови информации за нивната состојба.

Спасувачите и покрај тоа што помина повеќе од една недела, постојано трагаат по преживеани лица. Сепак, бројот на загинати е скоро 40.000 луѓе, а скоро 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата. 

 

Scroll to Top