Климатските промени го топат поларниот мраз, го подигаат нивото на морето и ги менуваат временските шеми, носејќи сè побрутални бури во областите кои претходно не биле погодени од такви природни катастрофи. Градовите долж брегот изложени на поплави поради монсуните и обилните дождови – тонат. Научниците предвидуваат дека делови од овие девет градови ќе бидат под вода до 2030 година.
Мајами, САД
Нивото на морето во Мајами се зголемува со алармантна брзина и не само што се заканува да ја оштети градската инфраструктура туку води и до поплави кои ја загадуваат водата за пиење и со тоа дополнително ги загрозуваат жителите. Покрај моменталниот одговор за запирање на климатските промени, Мајами ќе мора да преземе поконкретни чекори за да се спаси од тонење: ќе мора да ја зајакне својата основа и да подигне одредени структури над нивото на водата.
Банкок, Тајланд
Бангкок е изграден на многу мека глинена почва која е подложна на поплави. Истражувањата покажаа дека оваа позната туристичка точка секоја година тоне околу два до три сантиметри – побрзо од другите слични градови на бреговите. Според една студија од 2020 година, Бангкок е првиот во низата градови кои ќе ги доживеат главните последици од глобалното затоплување. Експертите предвидуваат дека Бангкок ќе падне во спирала со мали изгледи за закрепнување.
Амстердам, Холандија
Холандските експерти за спречување поплави развија напреден систем на насипи, брани и други бариери кои ја држат водата подалеку од инфраструктурата и населението. И покрај тоа, тие се принудени внимателно да ги следат и да ги надградуваат системите за да спречат катастрофални последици. Многумина тврдат дека опасноста е неизбежна поради континуираното тонење на земјата како резултат на климатските промени.
Басра, Ирак
Басра е главниот пристанишен град во Ирак, кој се наоѓа покрај силната и широка река Шат ал-Араб, која се влева во Персискиот Залив. Научниците предвидуваат дека овој осиромашен арапски град би можел делумно или целосно да биде потопен во следните десет години.
Џорџтаун, Гвајана
Кога станува збор за области кои наскоро би можеле да потонат поради ефектите од глобалното затоплување, Карибите се на врвот на листата. Најмногу се зборува за главниот град на Гвајана, кој се наоѓа на устието на реката Демерара во Атлантскиот Океан. Со векови Џорџтаун се бранеше од бури и други временски услови со огромен ѕид долг 450 километри. Ситуацијата е таква што земјата мора значително да го зајакне тој ѕид за да ги држи централните области на градот подалеку од огромни штети.
Сити Хо Ши Мин, Виетнам
Поплави и тропски бури го загрозуваат делот на Хо Ши Мин од делтата Меконг, а научниците предвидуваат дека источните делови околу реката наскоро ќе бидат непогодни за живеење. Посебно се загрозени мочуриштата на Ту Тием, а експертите посочуваат дека тие би можеле да завршат под вода и пред 2030 година.
Калкута, Индија
На главниот град на индиската држава му се заканува природна катастрофа. Калкута би можела делумно да биде потопена до 2030 година поради големите поплави. За жал, ова е многу сиромашен дел од светот кој нема соодветна финансиска иницијатива за зачувување на традиционалниот начин на живот на овие простори.
Њу Орлеанс, САД
Њу Орлеанс, заедно со својата богата историја и разновидна култура, тоне со една од најбрзите стапки во светот. Студијата на НАСА од 2016 година откри дека целиот град може да биде потопен до крајот на овој век. Њу Орлеанс бил целосно под нивото на морето во 18 век, сто години подоцна пет проценти биле потопени, додека денес тој број пораснал на 50 проценти. Географската местоположба придонесува за непосакуваната ситуација, но и човечка активност, вклучително и дупчење за потрага по нафта и природен гас.
Венеција, Италија
Прекрасната Венеција тоне околу два милиметри секоја година и се соочува со големи поплави кои му штетат на градот и неговите жители. Дури 90 отсто од овој италијански град бил потопен во 2019 година, а штетната ситуација дополнително ја влошила ерозијата на крајбрежјето и испумпувањето на подземните води. Иако градот презеде неколку важни чекори – вклучувајќи го и проектот за браната Мозе, ефектите од климатските промени врз порастот на нивото на морето бараат постојан мониторинг и уште повеќе заштитни мерки.