Деветгодишниот Дејвид Балогун од Пенсилванија осмолетката ја завршил за само два месеци. Се запишал средно школо и наскоро ќе го заврши. Рече дека сака да се запише и на факултет, а еден ден сонува да стане астрофизичар. Објасни дека посетувањето на училиште на далечина, му овозможило да напредува.
„Кога слушна за програмата STEM на седум години, скокна од радост. Му се допадна од прва”, рече мајка му на Дејвид, Роња Балогун и додаде дека моментално ги истражува можностите за студирање, а најинтересни му се Универзитетот во Пенсилванија, Принстон и Харвард.
Сепак, живеењето во кампусот не е опција за 9-годишно дете велат неговите родители.
„Тоа е нешто за што мора сериозно да размислиме“, објаснил татко му Хенри Балогун.
Дејвид рече дека еден ден сонува по факултетот да стане астрофизичар и да ги проучува црните дупки и суперновите.