Евергрин журка за сите генерации: скопјани на „Бела ноќ“ се забавуваа со песните на Кире Костов

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ се одржа изминатата сабота на повеќе од 18 локации низ Скопје. Скопјани и посетителите имаа можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси.

Централната манифестација се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани уживаа во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе беа изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски придружувани од Биг Бенд под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D на самата порта. Настанот го посетија илјадници граѓани а ЈУ „Универзална Сала“ додели плакети за трајни вредности „Кире Костов“ на неговата фамилија како и на Влатко Мирковски. Како претходница можеше да се чуе рок концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години.

На „Школка“ во градскиот парк, можеше да се чујат и видат: Група Педро Хоризонте, Стефан Петановски Бенд, Занаду Бенд, Димиш Бенд и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска.

Во ГТЦ беше поставена изложбата „Игри и мечтаења“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во Факултетот за Драмски уметности се гледаа повеќе театарски престави како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ граѓаните ужива во изведбите на македонските традиционални ора од повеќе културно-уметнички друштва.

Во кинотеката на Македонија можеше да се проследат Македонски филмски и музички достигнувања, во Галерија Остен ќе беше поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ Колеџ. Во „Капан Ан“ ќе беше прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска Илкова а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе беше поставена изложбата „Култура во кутија на Доминиум културно јадро. Во ноќниот клуб PURE се одржа последната вечер на Skopje Fashion festival каде ќе се прикажаа модните дизајнери: Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, Бошко и Цеце Т.

Програмата ја збогатија и културните институции со блескава програма: Културно Информативен Центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар.

Настанот беше во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Scroll to Top