(Фото) Јахтата на Садам Хусеин со која ирачкиот претседател пловеше низ светот, скапува во реката Шат ел-Араб во градот Басра

По текот на реката Шат ел-Араб во градот Басра, во Ирак, се наоѓа полупотопената мегајахта на поранешниот претседател Садам Хусеин. Покрај неа минуваат и други бродови, а понекогаш се случува на неа да се качат и рибари и туристи.

Името на јахтата е „Ал Мансур“, а на Хусеин му била доставена во 1983 година. Станува збор за мегајахта од 12 метри, со која Хусеин патувал по океаните. Изградена е во поранешното бродоградилиште Wärtsila  во Финска. По барање и наредба на Садам во 2003 година, неколку недели пред американската инвазија, јахтата е преместена во пристаништето во Басра за да биде заштитена од можни напади.

Но, и покрај обидот да ја заштити, јахтата беше бомбардирана и уништена за време на рацијата на 27 март во 2003 година. Јахтата претставуваше симбол на богатството и моќта на Садам. Станува збор за револуционерен брод и во технолошка смисла и кога е во прашање стилот.

Дизајниран е според личните спецификации на претседателот и раскошно украсен мермер. Во неа има златни и сребрени облоги, а ја дизајнирал Данецот Кнуд Хансен. Со неа можеле да патуваат 32 патници, а имала и хелиодром.

По 20 години по нејзиното потопување, денес таа е еден вид на р’ѓосан остров на кој се собираат локалните рибари и ја користат за излети и рибрање. Исто така претставува и еден вид на дестинација за голем број љубопитни туристи. Некогаш претставувала вистинско чудо, денес јахтата е оставена да скапува во реката.

 

Scroll to Top