(Фото) Пожарникари спасија 22 деца од градинка по поплавите што ја зафатија Словенија

Пожарникари спасија и евакуираа 22 деца од поплавена градинка во градот Менгеш. Градинката беше поплавена по силното невреме кое ја зафати земјата проследено со поројни дождови.

Пожарникарите ги објавија фотографиите од спасувачката акција. Некои од нив ги изнесуваа децата во раце едно по едно, додека водата им е до половина.

„Ги известуваме родителите на децата од градинката дека сите 22 деца се евакуирани на безбедно“, објавија пожарникарите на Фејсбук.

Словенечките пожарникари од вчера имаа стотици интервенции откако земјата ја зафати силно невреме, кое донесе поплави и свлечишта, што пак блокираше патишта и населени места. Досега е потврдено дека загинале три лица, од кои двајца холандски државјани.

Тамошните медиуми пренесоа дека водената стихија има однесено огромни дрвја и далекуводи на сите страни.

Scroll to Top