(Фото) Рита Ора на +40 во кожна јакна и крзнени чизми

Рита Ора ги изненади сите на потпишувањето на новиот албум. Пејачката делеше автограми во продавницата на HMV во Вајт Сити, Лондон, а дојде во кафена кожна јакна, сини фармерки и крзнени чизми.

Модниот избор ги изненади сите заради горештините, но има и такви кои велат дека пејачката често поставува нови модни трендови. Претходно месецов, на модната недела во Париз се појави во проѕирен црн фустан без градник.

За потсетување новиот албум на Рита се вика You&I. Ова е нејзин трет студиски албум кој го објави на 14 јули, а на истиот му претходеа три песни You Only Me Love, Praising You и Don’t Think Twice кои имаат милионски прегледи на „Јутјуб“. Истото се очекува и од новиот албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Scroll to Top