Ѕвездата од реалното шоу Toddlers and tiaras Кејлија Пози се самоуби на 16 години, пренесоа светските медиуми. Трагичната вест ја потврдија и од нејзиното семејство. Пози беше позната по тоа што се натпреваруваше на изборот за убавина за деца.
Таа имаше само пет години кога учествувала во шоуто, а во него ги покажувала своите гимнастичарски способности. Нејзините пријатели и жирито рекоа дека со помош на шминката и фризурата успеала да блесне на изборот за мала мисица.
Кејлија пред неколку дена прослави матура, а неодамна се пофали дека ќе се обиде да се натпреварува на избор за Mis Teen во Америка. Засега не е позната причината за самоубиството.