Вчеравечер во Битола се одржа вториот концерт од караванот „Македонија во срце те носиме“. „Офицерскиот дом“ каде се одржа концертот беше претесен за сите кои дојдоа да да ги слушнат голем број македонски традиционални песни испеанни од македонските пејачи.
Со македонски знамиња зурли и тапани, на сцената настапија Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски.
Станува збор за проектот „Македонијо во срце те носиме“, во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни , во нов аранжман на Николче Мицевски. Караванот „Македонијо во срце те носиме“, по Штип продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје.