Градот Пресиче, во регионот на Пуља во Италија, привлекува нови жители со ветување за паричен надомест до 30.000 евра, но под еден услов. Оние кои ќе ја прифатат понудата мора да ги искористат парите за да го купат слободниот имот и да го реновираат.
Како и другите градови и села низ Италија, Пресиче има бројни напуштени куќи во различни состојби на лоша состојба. Градот ги продава за приближно 25.000 евра.
„Има многу празни куќи во историскиот центар изградени пред 1991 година, кои би сакале повторно да ги видиме со нови жители“, изјавил локалниот советник Алфредо Палезе за Си-Ен-Ен.
„Ќе им понудиме до 30.000 евра на луѓето кои сакаат да се вселат и да купат еден од овие напуштени станови. Вкупните средства ќе бидат поделени на два дела: едниот дел ќе оди за купување на старата куќа, а другиот дел за негово реновирање, доколку е потребно“, објаснил тој.
„Срамота е да се види како нашите стари маала полни со историја, прекрасна архитектура и уметност полека се празнат“, додавл тој.
Планот е проектот да започне во следните неколку недели на веб-страницата на градот. Пресиче се наоѓа во јужниот дел на регионот Пуља, последното во долгата низа рурални италијански заедници кои се обидуваат да привлечат нови жители со парични стимулации, по напливот на млади луѓе кои се преселуваат за да најдат работа.
Правилата варираат од град до град, но обично потенцијалните апликанти мора да се обврзат да платат за реновирање и доработка на куќата во одредена временска рамка – често три години – и да ја користат како нивна примарна резиденција.
View this post on Instagram