Хотел на Ибица нуди соба во која може бесплатно да се спие

Еден хотел на Ибица се одлучил на интересен маркетиншки потег нудејќи им на гостите соба во која ќе можат бесплатно да спијат. Сепак, финтата е што ѕидовите на собата се стаклени, па сите останати гости можат да ве видат.

Апартманот се вика „Zero Suite“, а се наоѓа во прилично фреквентно лоби на хотелот, низ кое минуваат сите гости кои доаѓаат во овој хотел. Оваа соба дефинитивно не е за лесни спијачи, а не е погодна ниту за оние кои се срамат.

На сајтот на хотелот пишува дека во собата може да се спие бесплатно една ноќ и дека е достапна за уметнички перформанси, радиоемисии, диџеј-сетови.

Тиктокерката Олимпиа Анлеи решила да го проба собата, а со своите следбеници го сподели искуството.




		
		
			
Scroll to Top