По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, хрватската пејачка Јелена Розга ќе има голем концерт во Скопје. Скајмјузик го најави концертот на пејачката за на 10 февруари во арената „Борис Трајковски, во рамки на турнејата „Минут срца мог“.
Јелена Розга, миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола“, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“ како и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, во која и ја започна кариерата.
View this post on Instagram
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.
„По Загреб, Белград и Нови Сад, „Минут срце мог“ доаѓа и во Скопје. Драги мои, во месецот во кој ја славиме љубовта ќе бидеме заедно. Ве очекувам на 10.2.2024 година во арената Борис Трајковски. Не можам да ви опишам колку се радувам и колку, заедно со мојот тим, едвај ја чекам таа посебна сабота. Скопје се гледаме наскоро. Ве сакам“, вели Розга.