Фудбалскиот стадион „974“ во Доха е направен од шарени транспортни контејнери и монтажна челична структура, а ќе биде растурен по Светското првенство во Катар. Стадионот го направи шпанското студио „Фенвик Ирибарен“, има 40.000 седишта и е првиот стадион во историјата што ќе биде демонтиран по одигрувањето на Мундијалот.
Стадионот комбинира пренаменети контејнери и челична конструкција, која содржи рециклирани делови. Тој ќе може да се растури и повторно состави на нова локација или да се претвори во серија помали спортски објекти. Монтажниот дизајн ги намалува трошоците и времето за изградба и материјалниот отпад. Стадионот е именуван според бројот на контејнери искористени во неговата изградба.
Обликот на стадионот и празнините меѓу седиштата овозможуваат природна вентилација, па нема потреба од посебни системи за ладење, за што помага и близината на морето.