Казната за шетање во Будва во костим за капење е 200 евра и тоа важи за туристите и мештаните, одлучи Собранието на општина Будва, а одлуката е објавена во Службен весник.
Според Одлуката за комунален ред, во просторот за капење можете да престојувате само во костим за капење.
Казните се поригорозни во однос на санкциите предвидени во претходната одлука.
„За почитување на оваа одредба е одговорна комуналната инспекција и полицијата на општина Будва“, објаснил градоначалникот Милош Тајиќ.
Со донесувањето на оваа одлука во локалниот парламент, Будва им се придружи на Сплит и Дубровник, со што се воведоа казни за голите туристи, при што сумата во Дубровник е 130 евра, а во Сплит 150 евра.