Кики Лесендриќ ќе настапи на „Охрид фест“

Организаторите на 30. издание на „Охрид фест“ го најавија учеството на легендарниот кантавтор Кики Лесендриќ. Иконата на рокенролот од екс-ју просторите рече дека му е особено чест што ќе настапи на сцената на Долни Сарај и што на 2 септември ќе се појави на јубилејот на фестивалот.

„Не сме биле во Македонија долго време. Во еден период со „Пилоти“ свиревме многу. Скоро и да нема место каде не настапувавме. Искрено се надевам дека најновиот албум повторно ќе не донесе во Македонија и дека пак ќе свириме. Тоа ќе ни биде посебно задоволство“, рече Кики.

За потсетување, минатата година го издаде албумот „Мали трагови на небу“. На македонската публика ѝ е познат и по неговите евергрини и нежни балади како „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Како си лепа“, „Као птица на мом длану“, „Баракуда“.

Scroll to Top