Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе би можел да заработи неверојатни 700 милиони евра, за една сезона.

Ал Хилал, еден од четирите клуба во сопственост на фондот на владетелот на Саудиска Арабија, е подготвен да му плати на Пари Сен Жермен 300 милиони евра за слободата на 24-годишниот Французин, а потоа да му понуди неверојатна сума на пари.

Тоа би бил убедливо најголемиот трансфер, но и најголема сензација. Мбапе би бил платен повеќе од 17-те најдобри играчи во НБА. Освен тоа, би му останале уште 16 милиони долари.

Затоа, не е чудно што Леброн објави клип од филмот „Форест Гамп“ во кој трча главниот лик.

„Ова сум јас на пат за Саудиска Арабија откако ќе ги повикаат моите агенти таму и ми го понудија договорот за една година“, напиша Леброн.

Џејмс следната сезона ќе заработи 46,9 милиони долари, колку и Никола Јокиќ, што доволно говори за разликата во однос на една сезона на Мбапе. Јокиќ во својата кариера досега официјално заработи 150 милиони долари од НБА договори, а Леброн со дури 531 милион во текот на кариерата и понатаму е далеку зад францускиот напаѓач.

Единствениот кој е уште блиску во однос на бројката од една сезона е Кристијано Роналдо кој заработува 213 милиони долари секоја сезона во Ал Наср, што доволно говори за тоа колку Саудиска Арабија има направено вдлабнатина на пазарот.

Во својата кариера Серена Вилијамс како една од најбогатите спортистки на сите времиња заработила 450 милиони долари, повеќе од 300 помалку од она што Мбапе можел да го заработи за 12 месеци.

Мбапе би можел да направи преседан кој ќе покаже дека лигата на Саудиска Арабија е поголема закана за Европа отколку што се мислеше претходно и дека играчите во нивната слава би можеле да одат таму, а не само искусни ветерани. Впрочем, во таа лига ќе играат и Н’Голо Канте, поранешен светски шампион и Карим Бензема, официјално најдобар светски фудбалер и добитник на Златната топка.

Неверојатна заработка на Мбапе

Годишно: 700.000.000

Месечно: 58.330.000

Неделно: 13.300.000

Дневно: 1.900.000

На час: 79.900

Во минута; 1.332

За секунди: 22

Мбапе за една година ќе заработи повеќе од 17 НБА ѕвезди

Стеф Кари 51.915.615

Кевин Дурент 47.649.433

Џоел Ембиид 46.900.000

Леброн Џејмс 46.900.000

Никола Јокиќ 46.900.000

Бредли Бил 46.741.590

Демијан Лилард 45.640.084

Џанис Адетокумбо 45.640.084

Каваи Ленард 45.640.084

Пол Џорџ 45.640.084

Џими Батлер 45.183.960

Клеј Томпсон 43.219.440

Руди Гобер 41.000.000

Фред Ванвлит 40.806.300

Ентони Дејвис 40.600.080

Лука Дончиќ 40.064.220

Зек Левин 40.064.220