Ламбе, Благица Павловска и Ленче и Горан Кукиќ ќе пеат на „Златни денови Кратово 2023“

Благица Павловска, Горан и Ленче Кукиќ, Ламбе Алабакоски, Суперкис се дел од изведувачите кои ќе настапат на манифестацијата „Златни денови Каратово 2023“ која ќе се одржи од 7. до 8. јули.

„Фестивалот „Златни денови Кратово 2023“ е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има една цел да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава. Токму затоа, како и претходните години, на 7. и 8. јули, сите патишта водат во градот на мостовите и кулите кој ќе заживее во ритамот на најубавите поп и народни песни“, велат организаторите.

Фестивалот започнува во петок, на 7. јули во 20 часот, со Мераклиите од Мерак Меана како Јордан Митев кој на фестивалската сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот за истата кој е снимен токму во Кратово. Потоа Благица Павловска, Елена Андоновска, Горан и Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Душко Георгиевски, а сите придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне.

Во сабота, на 8. јули,  ќе настапат Ламбе Алабакоски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм и ДиЏеј Ерик Фокс.

Водителка на манифестацијата ќе биде Лила Филиповска.

Scroll to Top