Леб и Сол го презакажаа концертот на Антички во Охрид

Поради најава за големо невреме концертот на „Леб и Сол“ на Антички театар во Охрид ќе се одржи на 6-ти август. Концертот беше закажан за денес, но од тимот на Винил рекоа дека се консултирале со хидрометереолошките институции кои за денес најавија силно невреме.

„Сакаме да ве информираме дека после консултации со сите релевантни хидрометереолошки институции во нашата држава и најава за екстремно лоши временски услови проследени со дожд, ветер и грмотевици, поради безбедносни причини концертот на „Леб и Сол“ што требаше да се одржи на 5-ти август се префрла за еден ден покасно на 6-ти август на истата локација, Антички театар Охрид, со почеток во 21:00 часот“, рекоа од тимот на Винил.

Scroll to Top