Марио Ананиев и Зоран Шоров освоија два златни медала на Балканското првенство во борење во категоријата до 15 и 17 години. Ананиев на првенството кое се одржи во Серес во Грција освои злато во категоријата до 48 килограми, а Шоров до 68 килограми.
Медал освои и Садие Дура во женска конкуренција во категоријата до 46 килограми. Покрај Дура, бронзен медал освои и Ангела Трајкоска исто така од пионерската репрезентација. За потсетување, Македонија на Балканското првенство во Серес настапува со 38 борачи.