Маж ги тужел пријателите кои освоиле милион долари на лото оти не му дале ништо

Доставувачот на пица, Филип Цоцос, тужел 16 свои пријатели затоа што наводно му ги „украле соништата“ и од нив бара 70 илјади долари. Тие минатото лето купиле лоз „Лото макс“ во компанијата „Онтарио лотери енд гејминг“ и освоиле еден милион долари.

„Зошто не ми кажаа дека освоиле пари? Овие момци ми се како семејство. Нивните соништа се остварија, зошто тогаш одлучија да ги украдат моите?“, рекол Цоцос за „Си-би-ес њуз“.

Дејвид Робинс, адвокатот кој ги застапува неговите пријатели, вели:

„Господинот Цоцос не платил да учествува во играта така што тој нема право да бара какво било олеснување“.

Цоцос потоа рекол дека се дружи со нив веќе 6 години и дека „морал да им плаќа за да продолжат да се дружат“.

Кога ги освоиле парите, Цоцос наводно им должел 30 долари. Тој тврди дека му рекле да ги врати тие 30 долари плус дополнителни 10 ако сака да продолжи да биде дел од групата.

„Прегледувајќи ги социјалните мрежи, дознав дека освоиле пари. Пријателот кој јадеше пица која самиот му ја доставив, во раката држеше чек од милион долари“, рекол Цоцос.

Scroll to Top