Црвениот мерцедес кој беше во сопственост на легендарниот фудбалер Диего Марадона, се продава на аукција. Марадона, автомобилот го добил на подарок од група навивачи додека играл за својот прв професионален клуб Бока Јуниорс од Буенос Аирес.
Во тој период, клучевите на Марадона му ги врачил еден од најголемите возачи на мото-трки, петкратниот светски шампион во Ф1, Хуан Мануел Фанџо. Во тоа време Фанџо бил сопственик на единственото официјално застапништво на Мерцедес во Аргентина.
Mercedes-Benz 450 SLC 5.0 од 1980 година има голем број опции, вклучувајќи електричен подвижен кров, клима-уред и темпомат. Тоа беше еден од само 816 специјални хомологациски примероци, што му овозможи на овој модел да се натпреварува во Светскиот шампионат во рели, со редизајниран мотор и полесна каросерија.
Откако Марадона подоцна го продаде, автомобилот беше дел од неколку приватни колекции во Аргентина, а потоа беше увезен во САД.
Автомобилот е во одлична состојба, со помалку од 62.000 поминати километри. Аукциската куќа очекува автомобилот кој бил во сопственост на Диего Марадона да достигне цена помеѓу 150.000 и 250.000 евра на аукцијата во февруари, 2023 година.