Техмеена Кинтана од Њујорк имала проблеми со сопругот Брајант, па решила да проба со отворена врска да ги надминат проблемите. Двајцата биле неполни три години во брак, а Техмеена му најшла иста девојка како неа, мислејќи дека така ќе го направи среќен.
Рече дека нашла двојничка за да не им се распадне бракот и за да не го изневерува. Тврди дека го направила тоа за Брајант да не бара друга и вели дека сега се посреќни од кога било досега. Била скршена кога ја изневерил и мислела дека отворениот брак може да биде решение.
„Порано Брајант не ми беше верен. Верувам дека ако си со маж, треба да направиш сè што е потребно за врската функционира. Ќе го сакам до крајот на животот. Што сака, што го прави среќен, сè ќе му дадам“, рече Техмеена и додаде дека двојничката ја нашла на социјалните мрежи.
Така, нејзиното решение било да се сврти кон социјалните мрежи за да најде двојничка за да им се придружи на неа и Брајант во полигамна врска.
View this post on Instagram
„Барав девојка која личи на мене бидејќи тоа му се допаѓа на Брајант“, рече таа.
На крајот ја пронашла австралиската манекенка Кира Џонсон, која изгледала исто како неа. Кира била воодушевена од идејата па им се придружила. Дошла во Њујорк за да ги запознае.
Открила дека врската им е изградена на силно пријателство. Неофицијално се омажила и сега делат буквално сè. И Кира признава дека ѝ се допаѓа тоа што личи на Техмеена.
„Кога излегуваме во јавност, секогаш не прашуваат дали сме сестри или близначки“, рече таа. И двете носеле иста облека за да ја истакнат сличноста. И Брајант вели дека е задоволен и дека повеќе нема да бара вонбрачни врски, пишува Bright Side.






