Најскапата раса на кучиња на светот е тибетски мастиф кој чини 2 милиони долари

Најскапо продадено куче на светот е од расата златен тибетски мастиф. Кинез го купил за 2 милиони долари. Во моментот на продажбата кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри.

Името на ова куче европејците го користеле за сите големи раси на кучиња. Станува збор за тибетско или хималајско планинско куче. Потекнува од номадските култури на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал. Името кажува дека потекнува од Тибет, од регионот на Хималаите.

Луѓето го користеле како чувар за стоката, но и за пазење на куќата. До средината на 20-от век, расата под името Do Khyi во Европа била речиси непозната. Европејците се најодговорни што не изумрела.

Постојат неколку легенди за неговото потекло. Некои велат дека тибетскиот мастиф пристигнал во Централна Азија следејќи го Атила Хунот. Постои и легенда која вели дека е „Божјо куче“, бидејќи претставува трансформација на тибетски свештеник во куче.

По спектакуларната продажба од 2 милиони долари, одгледувачите сватиле дека се многу скапи за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого бидејќи неговата социјализација одзема многу време.

Овој вид се смета за една од најздравите раси на кучиња. Низ еволуцијата биле отпорни на повеќето болести. Во повеќето случаи оваа раса на кучиња не заболува од ниту една болест, па затоа спаѓа во групата на многу здрави животни.

Scroll to Top