Најстарата панда во Мексико умре на 35. роденден

Најстарата панда во Мексико, Шуан Шуан умре во зоолошката градина „Чапултепек“ во Мексико Сити на својот 35. роденден. Родена е 1987 година и беше една од пандите што живееле најдолго надвор од Кина, земјата  која им е природно живеалиште.

Властите од зоолошката засега не ја соопштија причината за смртта на пандата.

Инаку, просечниот живот на една панда во дивината трае околу 15 години.

Scroll to Top