Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: романтични моменти за Ракот, Јарецот го чека љубовна авантура

Овен
Направете го важниот чекор, драги Овни. Полната Месечина во Јарец во среда е во вашата зона на кариера и ве мотивира да бидете лидери, но и да ги пренесете своите идеи во пракса. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун бара од вас да заборавите на претпоставките и да се фокусирате на фактите. Во недела, со влегувањето на Венера во Рак ќе избирате луѓе кои прават да се чувствувате како дома.

Бик
Погледнете ја големата слика! Во среда ни доаѓа полната Месечина во Јарец, а вам ви носи мудрост и можност да ја видите големата слика. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви помага да допрете до пријателите кои ви носат чувство на емпатија и поддршка. Во недела, Венера го почнува своето патување во Рак и ви помага појасно да комуницирате во љубовните односи.

Близнаци
Во среда, полната Месечина во Јарец настапува во вашата зона на автентичноста, интимноста и сексуалноста и бара од вас да прифатите и да комуницирате со себеси и своите потреби. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ве инспирира да градите вештини за поврзување со другите луѓе. Во недела, Венера влегува во нежниот Рак и ви помага да привлечете луѓе и искуства кои ви носат финансиска слобода.

Рак
Среќен роденден, драги Ракови! Во среда, полната Месечина во Јарец е во вашето поле на романса и ви носи нови романтични моменти, луѓе и ситуации. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви дава чувство на надеж и ви помага да комплетирате нешто важно. Венера влегува во вашиот знак во недела и ви носи самодоверба, но и ви помага да ги подобрите односите со другите луѓе.

Лав
Почнете по малку, но почнете од некаде. Во среда, со полната Месечина во Јарец ќе бидете инспирирани да направите мали чекори кон подобрување на вашата добросостојба. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун бара од вас да го анализирате квалитетот на доверба кој постои во вашите пријателства. Венера влегува во Рак во недела и ве лечи од старите навики и некои рани од минатото.

Девица
Покажете го она што го чувствувате. Полната Месечина во среда ви носи храброст да ги споделите своите желби, надежи и вистини со некој кој треба да го слушне тоа. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви помага да се искачите нагоре на скалилото на животот. Венера влегува во Рак во недела и ви го носи најдоброто од пријателствата и љубовните односи.

Вага
Во среда, со полната Месечина во Јарец ќе најдете емоционална сигурност во својот дом и семејството. Во четврток, квадратот на Нептун и Венера ви помага да го одржите балансот меѓу големата и малата слика. Не заборавајте на деталите. Во недела, Венера влегува во Рак и ви носи поддршка од другите со што успехот ви е загарантиран.

Шкорпија
Направете го она што го кажувате, држете се до ветувањата. Во среда, полната Месечина во Јарец ве инспирира да се држите до своите зборови и јасно да комуницирате. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви помага да се посветите на интимноста. Во недела, Венера почнува да се движи во Рак и ви носи будење и  нови вештини и сознанија.

Стрелец
Не заборавајте на своите вредности. Полната Месечина е во Јарец во среда во вашата зона на сигурност и ви помага да го пренесете во пракса она што го мислите, зборувате и вреднувате. Во четврток, квадратот на Нептун и Венера ве потикнува да дојдете до значаен компромис. Венера влегува во Рак во сабота и го прави вашето лето жешко и исполнето со страст и интимност.

Јарец
Почнете повторно. Вашата полна Месечина настапува во среда и ви дава можност да почнете од почеток. Вие точно знаете каде сакате да бидете, па затоа замислете желба. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви помага да ги комуницирате сите важни детали. Венера влегува во Рак во недела со што почнува еден од најромантичните периоди за вас во годината. Спротивностите се привлекуваат.

Водолија
Ослободувањето не е откажување! Полната Месечина во Јарев о среда е во вашата зона на краеви и ви помага да се ослободите од нешто до што сте се држете цврсто предолго време, но кое веќе не ви служи. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ви носи појасно размислување, а со влегувањето на Венера во Рак во недела ќе се поврзете со луѓе со јасен интегритет со кои ќе си овозможите взаемна поддршка.

Риби
Ова е недела на дружењата и пријателите. Во среда со сјајот на полната Месечина во Јарец ќе се поврзете со оние кои ви значат, но ќе имате и силна желба да започнете нови познанства. Во четврток, квадратот на Венера и Нептун ве прави љубопитни. Со влегувањето на Венера во Рак ќе привлекувате луѓе и ситуации кои ве прават самоуверени.

Scroll to Top