Нумеролошки калкулатор кој открива како ќе изгледа вашиот живот

Без разлика дали сега првпат слушате за оваа „магија“ или, пак, нешто сте научиле за тоа кога за неа зборуваше чудната пријателка на вашата мајка, дозволете ни да ви објасниме. Именологијата во основа е голем математички проблем кој се темели врз магичната снага на бројките (нумерологија) и фрла малку повеќе светло на доста специфичните особини на вашата личност, како и вашите желби и вештини, вели Мишел Бушанан, нумеролог со седиште во Нов Зеланд и автор на книгата „The Numerology Guidebook“.

Постојат неколку начини да се одгатне што значи вашето име, но ние го избравме оној наједноставниот. Затоа малку активирајте ги мозочните ќелии и дознајте со кого би требало да излезете, кои се вашите силни и слаби страни, па дури дознајте ја и целта на вашиот живот. Звучи интересно, значи?

1. Напишете го вашето полно име кое се наоѓа на изводот на раѓање и додаете бројка на секоја буква со помош на долната табличка. Кога ќе го испишете, меѓусебно соберете ги сите бројки.

2. Откако добиете двоцифрен број, собирајте ги цифрите сè додека не добиете едноцифрен број.

На пример:

П – 7

Е – 5

Т – 2

Р – 9

А – 1

7 + 5 + 2 + 9 +1 = 24

2 + 4 = 6

3. Веднаш штом го дознаете свој број, започнете со анализа!

Број 1

Најдобри особини: Одлучност и независност.

Работа од соништата: Би растуриле во некоја компанија за огласување, во која ќе ги заблескаат вашите големи идеи.

Љубов: Тројките и четворките се совршени за вас. Доволно се цврсти да го поднесат сето она што животот може да им нанесе.

Број 2

Најдобри особини: Кога сите се расправаат околу плановите за ручек во групен чет, вие сте миротворецот.

Работа од соништата: Советувалиште или социјална работа е совршено решение за вашата желба да им помогнете на другите.

Љубов: Двојките се она по кое трагате, а што значи дека вашата врска со судбината ќе го направи вашиот живот супер едноставен.

Број 3

Најдобри особини: Тројките се светски уметници и творци, и родени забавувачи.

Работа од соништата: Доколку пеењето караоке во вашиот омилен бар би можело да ви ја плаќа киријата, би го живееле својот сон. Но сè во што можете да се изразите себе на таков начин, за вас ќе претставува работа од соништата.

Љубов: Обидете се да излегувате со единиците и шестките, затоа што се креативни како вас.

Број 4

Најдобри особини: Нема нешто што не ви оди рака, баш како ни на вашата колешка Џенифер Лопез.

Работа од соништата: Структурата ви е важна, затоа се занимавајте се со финансии или станете извршен директор и зграбете го сето она што ви се нуди.

Љубов: Единиците и осмиците кои се одлучни како вас.

Број 5

Најдобри особини: Авантурата е вашето средно име. Никој е поподготвен за било што од вас.

Работа од соништата: Станете туристички водич или Инста инфлуенсер.

Љубов: Ви треба некој кој мисли дека вашите луди идеи се легитимни. Обидете се со тројките и останатите петки.

Број 6

Најдобри особини: Секогаш ја држите косата на својата пријателка кога ќе испие премногу вотка. Супер одговорни сте.

Работа од соништата: Учесник на модната недела.

Љубов: Сте ја погодиле лотаријата на компатибилност. Сериозно, одете и забавувајте со кого и да посакате.

Број 7

Најдобри особини: Разбирливи сте и промислени, секогаш цврсто стоите на земја.

Работа од соништата: Прилагодите ја својата внатрешна бубалица и станете истражувач или експерт како секогаш би учеле нешто ново.

Љубов: Петките се поприлагодливи, додека деветките се супер поддршка, иако и двајцата се одличен избор за вас.

Број 8

Најдобри особини: Вашата амбиција ве прави незапирливи и силни.

Работа од соништата: Треба да би требало да бидете шефица сама на себе.

Љубов: Вашата енергија е прилично интензивна, па четворките и шестките се луѓе на кои би требало да се потпрете.

Број 9

Најдобри особини: Испраќате голема хуманитарна енергија. Никој не е пострасен во спасувањето на светот од вас.

Работа од соништата: Сè што има врска со образование или здравство ќе го задоволи вашиот животен стил на суперхерој.

Љубов: Интуитивната двојка и контемплативната седмица се вашиот полн погодок.

Scroll to Top