Почина Горан Станковиќ македонски учесник во шоуто „Никогаш не е доцна“ кој го расплака жирито

На 51-годишна возраст почина Горан Станковиќ македонски учесник во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.

Горан се занимавал со ракомет, па поради неговата ненадејна смрт многу колеги и пријатели се во неверување.

Станковиќ многумина го паметат по посебно емотивната изведба на песната „Једини,једина“, кога го расплака жирито.

Посебен спектакл се случи кога Горан ја трогна водителката Драгана Катиќ, која во една од емисиите „Никогаш не е доцна“ танцуваше со него на песната „Не можам без тебе“.

Поранешниот ракометар на 45 години реши да си ја проба среќата кога е во прашање пеењето, како што рекол во неговата кариерата не бил само поп, иако пеењето му била најголема љубов.

 

Scroll to Top