Ѕвездата на „Супернатурал“, Ники Ајкокс почина на 47-годишна возраст.
На Ники, која ја играше Мег Мастерс во серијата, ѝ беше дијагностицирана леукемија во 2020 година.
На својот инстаграм-профил, актерката секојдневно споделуваше детали од нејзиното здравје со своите следбеници и ги информираше за хемотерапијата, операцијата и одржувањето на позитивен став.
Ники ја објави веста за болеста во март 2021 година, пишувајќи: „Многу ми се слоши и мислев дека имам ковид, но работите се искомплицираа. Завршив во болница со дијагноза на леукемија“.
Освен „Супернатурал“, во текот на нејзината актерска кариера Ники има преземено различни улоги, вклучувајќи ги и оние во Dark Angel, Jeepers Creepers 2 и Providence.