Почина спортскиот директор Роџер Пирс кој ги организираше преносите на Светско

Техничкиот директор на „ИТВ Спорт“ кој ги организираше преносите на натпреварите на Светско, Роџер Пирс, почина на 65 години. Пирс починал само 24 часа по почетокот на Мундијалот.

За „ИТВ Спорт“ работел 43 години и ги покривал големите спортски настани, меѓу кои и осум светски првенства. Веста ја објави спортскиот водител Марк Пугач, пред почетокот на натпреварот меѓу Велс и САД.

„Ни стигнаа тажни вести од Катар. Нашиот технички директор Роџер, кој беше тука на своето осмо Светско првенство, за жал почина. Роџер беше ценет во индустријата на телевизиските спортски преноси. За ИТВ беше клучен во логистичкото планирање на Светскиот куп во рагби, како и на Светското и Европско првенство во фудбал. Секогаш беше насмеан и не правеше и останатите среќни. Беше крајно посветен, професионален, шармантен и многу популарен“, рече Марк.

Директорот на ИТВ Нил Слоун, рече едка Роџер бил брилијантен технички директор, прекрасен колега и пријател. За „ИТВ Спорт“ работел повеќе од 40 години.

„Нашите мисли се со неговото семејство и оние кои му се најблиски“, рече Слоун.

Пријателот на Роџер Нил Стејнсби, на „Твитер“ напиша дека требало да оди во пензија за пет недели.

„Толку е тажна веста за смртта на мојот пријател и поранешен колега на ‘ИТВ Меридиан’. Почина на последната задача во Катар. За пет недели требаше да оди во пензија“, напиша Нил.

 

Scroll to Top