Поради лошиот терен арената „Тодор Проески“ ќе биде затворена до дуелот со европскиот шампион Италија

Поради лошиот терен, арената „Тодор Проески“ ќе биде затворен до 9 септември кога ќе ни гостува европскиот шампион Италија, во натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Поради затворањето на стадионот, македонскиот првак Струга Трим Лум ќе го пречека тимот на Есперанж од Луксембург на комплексот на ФФМ. Натпреварот ќе се игра на 10. август со почеток во 17 часот, во рамки на третото квалификациско коло од Конференциската лига.

Исто така и Работнички и Вардар нема да може да бидат домаќини во првенствените дуели. Од Работнички најавија дека во првото коло од Првата лига против Шкупи како домаќини ќе играат на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Теренот на „Тодор Проески“ веќе подолго време е во лоша состојба, а последени реагираа фудбалерите на фудбалскиот клуб Левски од Бугарија, кои играа против Шкупи пред една недела. Одржувањето на теренот веќе некое време се игнорира и се реагира и санира само кога се игра некој многу важен меч.

За потсетување, пред неколку години на арената „Тодор Проески“ се играше Суперкупот на УЕФА и беше домаќин на европските гиганти Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

 

 

 

Scroll to Top