На девет дена пред стартот на натпреварот со Италија во рамки на квалификациите за Европско, надлежните ја средија тревата на стадионот „Тодор Проески“.
Претходно тревникот беше во очајна состојба, па во август од Европската фудбалска унија УЕФА забранија да се играат европските клупски натпреварувања.
Поради заштита на тревата, ниту фудбалерите на Македонија, ниту на Италија нема да одржат тренинг пред мечот. За потсетување и официјално започна продажбата на билетите, истите можат да се купат под цена од 300 и 500 денари.
Фото: sportsport.mk