Професорка на годината е уапсена затоа што спиела со ученик

Трејси Вандерхулст, професорка во средно школо во Калифорнија е уапсена поради сомнение дека имала секс со малолетник, соопштија од канцеларијата на шерифот во округот во Сан Бернардино.

Таа е уапсена во четвртокот на 18 мај, а засега нема информации дали малолетникот идел во школото во кое таа предавала. На Фејсбук е наведено дека почнала да предава од 2013 година, а во 2017 била прогласена за професор на годината.

„Таа е љубезна и иновативна професорка и се надеваме дека нашите деца ќе учат многу од неа“, било напишано на „Фејсбук“ претходно, а пренесе „Фокс“.

Вандерхулст предавала математика во школото и по апсењето е испратена во Центарот за притвор во Сан Бернардини. Одредена ѝ е кауција од 30.000 долари. Властите веруваат дека може има и повеќе жртви.

 

Scroll to Top