Семејство во Австралија останало одлучно да не го продаде својот имот од 2 хектари, односно 20.000 метри квадратни и покрај понудата која ја добиле од 50 милиони долари.
Иако имотот сега им е опкружен со нови куќи, покрај новоизградениот комплекс во областа Пондс во близина на градот Квекерс Хил, семејството Замит и денес не размислува за преселба, пренесе локалниот портал 7News. На соседите не им смета што сакаат да останат, затоа што пред куќите имаат мир и слепи улици, наместо густ сообраќај.
„Факт е дека повеќето ги продадоа своите имоти пред многу години, а тие останаа. Секоја им чест“, рече Тејлор Бредин, агент од компанија за недвижности.
Бредин проценил дека на тоа земјиште може да се изградат до 50 куќи, со што секоја поделена парцела потенцијално би чинела околу милион долари. Педесет и едногодишната Дајан Замит претходно разговарала со агенцијата и се потсетила на минатото од тој крај, опишувајќи го како земјоделска земја, разубавена со мали куќички и викендици направени со црвени цигли.
This house in Australia has continually rejected offers for purchase, most recently a $50 million dollar offer, per 7News: pic.twitter.com/jCtxOMTCn6
— unusual_whales (@unusual_whales) May 7, 2023
„Секој дом беше единстевн и имаше огромен простор. Но, повеќе не е така. Едноставно не е повеќе исто“, рече таа.
Повеќето соседни парцели се продадени уште во 2012 година, што значи дека пред 10 години, имотот на Замит вреден околу 4,75 милиони долари.
Нивниот дом се наоѓа на околу 40 минути возење од центарот на Сиднеј и нуди панорамски поглед на Сината планина. Соседните куќе се густо изградени до линијата на оградата на имотот. Видеото на „Твитер“ покажа како семејството Замит низ годините храбро одолевале да се иселат од својот дом.
Извор: Њујорк Пост