Татко со Даунов синдром одгледал син кој станал успешен доктор: Не можев да посакам друг татко, горд сум на него

Џејд Иса од Сирија е родител со Даунов синдорм. Џејд ја запознал сопругата откако почнал да работи во локална мелница за пченица.

Тој се оженил со неговата девојка и го добиле синот на кој му го дале името Садер. Тој денес по професија е стоматолог и како што вели со најголема поддршка од неговиот татко.

Иако парот стравувал дека нивниот син би можел да биде роден со Даунов синдром, сепак Садер се родил здрав, а Џејд бил решен да му го даде на својот син најдобриот можен живот. Почнал да штеди пари за Садр кога ќе порасне да го запише на факултет.

Поминувале многу време заедно, а Џејд се трудел да му обезбеди на синот се што му е потребно.

Садер во ниту една прилика не се срамел од својот татко со Даунов синдром. Напротив тој бил горд на него и истакнал дека тоа што неговиот татко е поразличен само го инспирирало да ги оствари соништа и да го направи своето семејство гордо.

Садер сега е стоматолог, а Џејд не можел да биде погорд, велејќи им на луѓето „мојот син е доктор“ со најголема гордост.

„Не можев да посакам друг татко. Јас сум горд на него и тој е горд на мене. Цели 21 година се трудеше да направи се за да имам нормален живот како што имаат другите деца. За време на студирањето ми беше најголем поддржувач во секој поглед, психолошки, финансиски“, изјавил Садер.

Scroll to Top