Трагично почина бивша финалистка на Мис универзум

Неочекувано и на големо изненадување јавноста ја прими веста за трагичната смрт на поранешната финалистка на Мис Универзум Сиена Вир. Дваесет и тригодишната манекенка, починала во четвртокот откако неколку недели претходно лекарите ја ставиле на апарат за одржување на животот.

Вир доживеала претходно несреќа за време на пловидба на јахта, пренесоа медиумите. Пораки со сочуство и утеха семејството доби од голем број нејзини фанови и колеги од светот на модата. Сочувство изразија и од нејзината агенција Scoop Managment, која објави неколку нејзини фотографии.

За потсетување, Сиена Вир има дипломирано англиска книжевност и психологија на Универзитетот во Сиднеј, а во наредните неколку години планирала да се пресели во Лондон, за да помине повеќе време со семејството и за да се посвети и ги прошири своите професионални социјални мрежи.

 

Scroll to Top