Трамп прогласен за одговорен за сексуален напад на писателката Џин Керол и ќе треба да ѝ плати отштета од 5 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за одговорен за сексуален напад на писателката Е. Џин Керол и ќе треба да ѝ плати отштета од пет милиони долари. Вака одлучи поротата во Њујорк која го следеше граѓанскиот судски процес.

Трамп беше ослободен од обвинението за силување поради наводниот напад во стоковна куќа во 1990-тите. Трамп не сведочеше, но на поротата, составена од шест мажи и три жени и беше прикажано видео каде тој го негира силувањето.

Тој гневно реагираше на одлуката на федералната порота дека е виновен и рече дека станува збор за лов на вештерки.

„Апсолутно немам поим која е оваа жена. Пресудата е срамота. Ова е продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, рече Трамп по пресудата, а го напишта истото и на неговата социјална мрежа „Вистина“.

 

Scroll to Top