Трансродова девојка ќе ја претставува Холандија на Мис универзум

Рики Валери Коле (22) е избрана да се натпреварува на изброт за убавина Мис Универзум како претставничка на Холандија. Актерката и модел ќе ја претставува Холандија на 72-от избор за Мис Универзум во Ел Салвадор.

Рики стана првата трансродова жена со таа титула во Холандија, но на светскиот натпревар таа ќе биде втората трансродова личност во историјата.

Шпанката Анџела Понсе се натпреваруваше во 2018 година.

„Нереално е, но јас станав Мис на Холандија. Тоа беше едукативен и прекрасен процес, толку сум горда и среќна што не можам да го опишам. Ја направив мојата заедница горда и покажав дека тоа може да се направи“, рекла таа  и додала: И да, јас сум транс жена и би сакала да ја споделам мојата приказна, но јас сум и Рики и тоа е она што ми е важно.

Scroll to Top