Американскиот рапер „Trouble“ почина на 34-годишна возраст, откако бил застрелан во неговиот стан.
Локалните власти во ја потврдија смртта на уметникот, чие вистинско име беше Мариел Семонте Ор.
Полицијата издаде налог за апсење на 33-годишниот Џејми Џонс под обвинение за убиство, кражба и тежок напад. Полицијата верува дека Ор и Џонс не се познавале од претходно, а во убиството била вмешана и жена со која раперот се видел непосредно пред смртта.
Во објава на Инстаграм, издавачката куќа на раперот „Def Jam“ го опиша како „инспирација за заедницата што гордо ја претставуваше“.
„Trouble“, познат и како Скуб, стана популарен во 2011 година кога го издаде синглот „Bussin“. После тоа, неговата кариера тргна кон нагорна линија, па соработуваше со многу познати рапери, како што се Дрејк, Гучи Мејн, Викенд и Јанг Таг.