(Видео) Девојка скрши скулптура од 42.000 долари на познат уметник

Девојка скрши скулптура на познатиот уметник Џеф Конс. Блескавата сина скулптура, една од познатите серии на Конс „Балун дог“, беше проценета на 42.000 долари, а несреќата се случи на саемот за уметност Ејнвуд во Мајами, Флорида.

Скулптурата беше поставена на акрилен штанд, со името на познатиот уметник.

„Ја видов таа жена како тропа на скулптурата. Потоа падна и се скрши на илјада парчиња“, изјавил уметникот Стефан Гамсон. Тој им кажа на новинарите дека мислел дека жената сака да се увери дека тоа е вистински балон. Некои колекционери и гости на саемот најпрво мислеле дека се работи за уметнички перформанс.

Еден од присутните посетители успеал да го сними моментот, а на видеото се слуша глас кој вели: „Не ми се верува дека некој ја скрши скулптурата“.

Бенедикт Калч, кој ја спонзорира уметноста на Конс, изјавил за Мајами Хералд дека жената намерно не ја соборила скулптурата и дека штетата ќе биде покриена со осигурување.

Конс е американски сликар и скулптор кој наоѓа инспирација во секојдневни предмети, вклучително и животни од балон. Неговата работа предизвикува спротивставени мислења и ја оспорува дефиницијата за ликовната уметност. Неговите дела биле продадени и до 91 милион долари.

Неговите скулптури од кучиња со балон се со големина од 30 сантиметри до три метри и се во живи бои.

 

Scroll to Top