(Видео) Елена Андоновска со преработка на стара македонска песна за 120 години Илинден

Фолк-пејачката Елена Андоновска ден пред македонскиот празник Илинден, ја промовираше нејзината нова песна „Тапан чука мила мамо“.

Песната е стара македонска која доби нов музички аранжман од Златко Миладиноски.

„Драги Македонци, по повод големиот празник Илинден и 120 годишнината од Илинденското востание, ви го претставувам најновиот музички проект кој го создадовме со голема љубов кон Македонија“, вели Елена.

Како музички соработници на Елена за песната „Тапан чука мила мамо“ се Илија Филиповски на виолина, Даниел Маневски на кавал, Златко Миладиноски на тамбура, Андреј Трајковски на зурла, Марјан Андоновски на ударни инструменти, Горан Гешовски на бас гитара, Томислав Димовски на електрична гитара.

Видеото за песната е во режија на Димитар Сеизмов, додека сценариото е на Марјан Андоновски.

 

Scroll to Top