(Видео) Емотивна изведба на Јованка од Скопје што ја расплака Тијана Дапчевиќ во шоуто „Никогаш не е доцна“

Јованка Јакимовска Митревска (46) од Скопје ги освои симпатиите на жирито во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ и успеа да го расплаче.

Јовнака одбрала да го отпее македонскиот евергрин „Штом се сака“, на која песна се расплака и Тијана Дапчевиќ која беше дел од жирито.

„Прекасно. Еве, почнав да плачам“, рече Тијана.

Емотивната изведба на Јованка го воодушеви цело жири, но и публиката.

Во слободното време вели пее и медитира, но музиката и е на прво место. А во врска со тоа што е разведена, признава дека не се плаши од можноста Жика во емисијата да распише конкурс за мажачка.

Scroll to Top