(Видео) Медицинска сестра која ги изгуби нозете во експлозија во Украина, го одигра првиот свадбен танц во болница

Дваесет и тригодишната медицинска сестра од Лавов, Оксана, која пред неколку недели остана без двете нозе, сега се венчаше во болница и го играше првиот свадбен танц со сопругот Виктор.

Тие се венчаа во болницата неколку недели по несреќата. Покрај двете нозе, Оксана останала и без четири прсти на левата рака. Со Виктор се венчаа во болничкиот оддел каде што таа закрепнува од операцијата. Оксана ги изгуби нозете и прстите откако мина експлодираше под неа.

Несреќата се случила на 27 март во градот Лисичанск, на истокот од Украина. Во тие моменти и Виктор бил со неа. Од нејзиното лекарско здружение рекоа дека мината експлодирала кога Оксана и Виктор тргнале на пат кон дома. Пред експлозијата таа се обидела да го предупреди Виктор.

За среќа, тој останал неповреден, а Оксана била во животна опасност. Потребни биле четири операции за да ѝ го спасат животот. На крајот била однесена во Днепар каде што продолжила да закрепнува.

Scroll to Top