Зоолошката градина во Берлин го прослави 65. роденден на горилата Фату за која се верува дека е најстарата горила во светот. Зоолошката градина објави видео од Фату како јаде роденденска торта со бројот 65 на неа.
„Голема благодарност до нашите чувари за оваа одлична роденденска торта, на Фату ѝ се допадна“, соопшти берлинската Зоолошка градина. Фату имала две години кога пристигнала во Зоолошката градина во Берлин во 1959 година.
„Нашата горила го прослави 65. роденден, со што е најстарата горила на светот. Тортата не можеше да изостане, а и роденденскиот оброк е секогаш нешто посебно за Фату“, изјавија од Зоолошката.
Vielen Dank an unsere Tierpfleger für diese tolle Geburtstagstorte. Fatou hat’s geschmeckt! #HappyBirthday #Gorilla #ZooBerlin pic.twitter.com/FxYrMGeRMT
— Zoo Berlin (@zooberlin) April 13, 2022
Горилата Фату пристигнала во Берлин во 1959 година во многу необични околности. Еден морнар ја искористил младата горила за да ја плати својата сметка во ресторан во Марсеј по што таа била превезувана низ Европа пред да ја преземе Зоолошката градина во Берлин. Се верува дека тогаш имала две години.
Во 2019 година Гинисова книга на рекордите ја прогласи Фату за најстарата горила во заробеништво откако почина Труди, која била родена 1956.
Фото: Зоо Берлин