Во Њујорк е поставена најпознатата божиќна елка во светот. Елката е поставена во центарот „Рокфелер“ откако помина 300 километри од Квинсбери до Менхетн.
Елката е стара 90 години, а тежи 14 тони. Божиќната елка ќе биде украсена со повеќе од 50.000 ЛЕД- светилки, а на врвот ќе има ѕвезда од кристали на „Сваровски“.
Светилките свечено ќе бидат запалени на 30 ноември и ќе светат од 6 до 12 часот, а на Божиќ ќе светат 24 часа.