(Видео) Полицијата трага по групата „Пинк пантер“, која украде жолт дијамант од саем во Холандија

Познатата група „Пинк Пантер“ се осомничени за украден жолт дијамант од саем на уметност во Холандија. Полицијата трага по осомничената балканска петорка позната по вооружените грабежи. Инцидентот се случил на 29 јуни утрото, на саемот TEFAF u MECC во Мастрихт.

„Украден накит, жолт дијамант, единствен таков во светот. Во потрага сме по најмалку петмина бегалци и веруваме дека ќе ги фатиме во соработка со белгиската и германска полиција. Брзо по грабежот, полицијата уапси две лица на старост од 22 и 26 години. И двајцата беа уапсени во Белгија. Двете лица управувале возило со сива боја, со белгиски регистарски таблици. Биле запрени пред тунелот Вилем Александер“, рекоа од полицијата и додадоа:

„Осомничените им биле сомнителни на полицијата и тоа било доволна причина за да ги запрат и да ги осомничат дека имаат нешто со грабежот. Двајцата биле пуштени на 30 јуни и тие повеќе не се осомничени за грабежот. Сега се сомневаме дека во прашање е групата „Пинк пантер“ од Балканот и дека најверојатно станува збор за Срби“, рекоа од полицијата.

Тие објавија и нови фотографии и видеа од грабежот. На некои од фотографиите јасно се гледа ликот на еден од крадците и нивното бегство.

На видеата кои ги направиле очевидците, се гледаат четворица мажи во јакни и со качкети на главата. Многу личеле на ликовите од популарната серија „Пики бајндерс“ (Бирмингемска банда).

Еден од нив има боздоган со кој го скршил прозорецот, додека другите со оружје им се заканувале на присутните. Кога го украле дијамантот го ставиле во торба и избегале во непознат правец.

Scroll to Top